За основачот

Мирковски Владимир

Oсновач и амбасадор на International basketball Academy e дипломиран тренер по кошарка.

2013 и 2015 година е прогласен за најдобар тренер во младинска конкуренција од страна на Македонската кошаркарска федерација.…

Мирковски Владимир дипломиран тренер по кошарка.

Во својата 15 годишна кариера Мирковски има освоено 5 шампионски титули: 2013 Младинскиот Куп и Првенството со К.К.Вардар, 2015 Младинскиот Куп и Првенството со К.К.МЗТ Скопје и како асистент ја освојува шампионската титула во сениорска конкуренција со тимот на МЗТ Скопје.

Селектор на репрезентацијата на Македонија до 16 години.

2016 година кариерата ја продолжува во Кина каде 2017 година изработува програм за Владата на Шангај Минханг Дистрикт кој успешно се спроведува во 15 основни училишта,целта на програмот е што повеќе млади кошаркари да се запознаат со кошарката,стекнат здрави навики и станат спортски активни личности. Преку посветена и квалитетна работа низ годините од младинските школи на Мирковски се произлезени многу младински и сениорски репрезентативци како:

Младеновски,Стајиќ,Робев,Ефремовски,Мекиќ,Нацевски,Шалев и мн.други