Previous
Next
>
Стани шампион

Кошаркарска азбука

Индивидуална техника

Аеробна кондиција кај деца

Здравје - Исхрана

За основачот

Мирковски Владимир дипломиран тренер по кошарка. 2013 и 2015 година е прогласен за најдобар тренер во младинска конкуренција од страна на Македонската кошаркарска федерација. Во својата 15 годишна кариера Мирковски има освоено 5 шампионски титули: 2013 Младинскиот Куп и Првенството со К.К.Вардар, 2015 Младинскиот Куп и Првенството со К.К.МЗТ Скопје и како асистент ја освојува шампионската титула во сениорска конкуренција со тимот на МЗТ Скопје. Селектор на репрезентацијата на Македонија до 16 години. 2016 година кариерата ја продолжува во Кина каде 2017 година изработува програм за Владата на Шангај Минханг Дистрикт кој успешно се спроведува во 15 основни училишта,целта на програмот е што повеќе млади кошаркари да се запознаат со кошарката,стекнат здрави навики и станат спортски активни личности. Преку посветена и квалитетна работа низ годините од младинските школи на Мирковски се произлезени многу младински и сениорски репрезентативци како:Младеновски,Стајиќ,Робев,Ефремовски,Мекиќ,Нацевски,Шалев и мн.други.

Мисија и Визија

IBA академијата да биде водечка кошаркарска школа во регионот преку континуиран развој на таленти и настап во младинските и сениорските лиги.

 

Во наредните 4 години академијата да биде најуспешна во сите младински категории и активно да се натпреварува во прва машка и женска сениорска лига со професионални кошаркари/ки произлезени од младинската школа на клубот.

 

Биди победник во младоста

Применето искуство со припреми, порази, победи, освоени трофеи, ќе биде на располагање на деца кои сакаат спортски пат.
Академијата нуди развој во следните елементи:

podrska

Поддршка децата да бидат успешни и независни

igra

Развој на спортскиот дух низ игра

sposobnosti

Развој на сите способности и стекнување на моторички знаења

Принципи на работа
ТРЕНИНГ ЦЕНТАР

Тренинзите се одржуваат во спортската сала ОУ. Лазо Трповски - Карпош 3 

HEALTH PERFORMANCE AND RECOVERY CENTER

Во соработка со CRYO 

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ
CRYO MK